Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа првата работилница од проектот „Биди Свој! – Креативни работилници за сите возрасти“, насловена -Читање заради задоволство. Работилница се одржа точно на 21 март, датум на кој се празнуваат денот на поезијата, денот на пролетта и денот на екологијата.
Присутните љубители на поезијата заедно со библиотекарите од нашата библиотека и младите поети уживаа во читањето поезијата на домашни и странски поети, но и во сопствената поезија која срамежливо стои на некој лист хартија и чека да биде прочитана.
„Поезијата е само доказ за животот. Ако вашиот живот горел добро, поезијата е само пепелта.“- Леонард Коен
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook