„Јас имам многу цвеќиња“, рекол, „но најубави цвеќиња се децата.“ – Оскар Вајлд
Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 Ноември како Светски ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.
Генералното собрание на ОН на 20 Ноември 1959 година ја усвои Декларацијата за правата на детето, а во 1989 година беше усвоена и Конвенцијата за правата на детето, која нашата држава ја ратификуваше во 1993-тата.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола по повод 20 Ноември -Светскиот ден на детето, продолжува со активностите посветени на учениците.
Заедно да другаруваме, нека секој ден биде ден посветен на нашите деца.
„Дајте му на детето насмевка, тоа ќе ви ја даде душата.“ – Доситеј Обрадовиќ