Од 1967 год., на 2 април се слави Светскиот ден на литературата за деца. Идејата е да се поттикне љубовта кон читањето и да се сврти вниманието кон книгите за деца. По тој повод во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола реализираше читање на дела од Ханс Кристијан Андерсен. Библиотекарките Вера Марковска и Јасминка Кочевска на учениците од V одделение од ООУ „Стив Наумов“ – Битола им ги прочитаа бајките „Грдото пајче“ и „Девојчето со кибритчињата“. Но тука, овие бајки не завршија. Учениците имаа можност да бидат во улога на писатели и сами да напишат поинаков крај на делата. А атмосферата да биде уште по возбудлива и во стилот на шегата, учениците со својата наставничка Виолета Цигарида пристигаа маскирани со прекрасни маски.

Facebook link