Исклучете ги компјутерите и земете книга – денеска е светски ден на литературата за деца!
Денот на литературата за деца за првпат бил прославен во 1967, а оттогаш секоја година во светот се одбележува на 2 април за да се промовира љубовта кон читањето кај децата и да се нагласи важноста на книгите.
Датумот го означува роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, прочуениот дански автор, познат по делата како „Грдото пајче“, „Малата сирена“, „Девојчето со кибритчиња“ и многу други.
Подоцна следуваат фотографии од активностите што ќе ги реалазираме.