Националната установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола со низа активности по повод 15- МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА СЕМЕЈСТВОТО.
Во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба на книги поврзани со семејството и семејните вредности.
Исто така објавена е наградна игра во која нашите читатели можат да постираат слики со семејствата и со различни активности (читаат книга, играат, готват, гледаат тв. и многу други различни активности).
Генералното собрание на Обединетите нации го прогласи 15 мај, како меѓународен ден на семејствата. Одбележување на овој ден ја нагласува важноста на семејството како основна единица во општеството, но и загриженоста за состојбата на семејствата низ целиот свет.
Иако семејствата низ целиот свет се трансформираа во текот на изминатите децении во однос на нивната структура и како резултат на глобалните трендови и демографските промени, Обединетите нации сè уште го препознаваат семејството како основна општествена единица.
Меѓународниот ден на семејствата дава можност да се промовира свеста за прашањата поврзани со семејствата и да се зголемат знаењето за социјалните, економските и демографските процеси што ги засегаат. Тоа инспирираше серија настани за подигнување на свеста, вклучувајќи го и одбележувањето на националниот ден на семејството. Во многу земји, овој ден е можност да се нагласат разликите, приоритетите и интересите на семејствата.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook