Светскиот ден на миграторните (преселните) птици е инициран во 2006 година и е годишна кампања за подигање на свеста истакнувајќи ја потребата за заштита на миграторните птици и нивните живеалишта. Тоа е заеднички организирано од страна на секретаријатите на Конвенцијата за заштита на миграторните видови диви животни (CMS) и Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици (AEWA) – два меѓународни договори, спроведени од страна на Програмата на Обединетите нации за животна средина (УНЕП) и се поголем број на партнери.
Светскиот ден на преселните птици се одбележува секоја втора сабота во мај.
По тој повод библиотекари од НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола ги посетија првачињата од ООУ„Елпида Карамнди“ – Битола од класот на наставничката Гордана Угриновска.
Се запознавме со различните видови на птици и заедно ги издвоивме птиците преселници. Учениците покажаа дека знаат многу видови на птици и точно знаеја кој се птици преселници, каде одат во зима и кога ни доаѓаат назад.
На крај заедно боевме штрк и ластовичка.