„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа“ – Гоце Делчев.
Неговата дејност имала две страни: преку својата учителска дејност просветно да ги издига масите, а во исто време со вонредни напори да ги подготви кон патот на револуцијата. Затоа тој постојано се занимавал со организациона работа, со собирање пушки и муниција, со организирање канали, со посветување на нови борци, со ширење на револуционерна литература и најпосле со будење на заспаниот и од векови исплашен поробен народ. Во деновите на големите тешкотии тој не губел верба во успехот на делото.
По повод 123 години од неговата смрт денес во ООУ „Стив Наумов“ Битола се одржа работилница на која се разговараше за идеалите на овој македонски револуционер, за неговиот животен пат и аманетите кои ги остави за идните поколенија. Учениците под менторство на наставничката Росана Тасевска читаа и песнички за Гоце Делчев и реализиравме ликовна работилница во негова чест.
Благодарност и до директорот Никола Пискачев и до заменичката Марина Јанеска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook