Денес (19.02.2026), во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, успешно се реализираше литературното читање по повод 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во соработка со учениците и наставниците од ООУ „Елпида Караманди“ – Битола.
Учениците од VII, VIII и IX одделение читаа литературни творби на македонски, англиски, француски и влашки јазик, испраќајќи силна порака дека јазичната разновидност е богатство кое треба да се негува, почитува и слави.
Овој настан уште еднаш потврди дека библиотеката е простор каде што младите учат да го сакаат својот мајчин јазик, но и да ги почитуваат јазиците на другите – градејќи мостови на разбирање, толеранција и заедништво.
Им благодариме на наставниците Александар Адамовски, Маја Јанакиевска, Искра Поповска и Моника Дервеновска за нивната посветеност, како и на директорката Емилија Николовска-Спировски од ООУ „Елпида Караманди“ – Битола за континуираната поддршка во реализацијата на оваа значајна активност.
Настанот заврши со заедничка фотографија – како симбол на пријателството што започнува со еден збор на мајчиниот јазик.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook