Започна Школата за дигитална писменост!

Со задоволство Ве известуваме дека денес го започнавме првиот ден од нашиот проект Школа за дигитална писменост, организиран од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, поддржан од Министеството за култура и туризам на Р.С.Македонија.

Проектот има за цел да ги едуцира учесниците за современите дигитални технологии, интернет безбедност и алатки кои се клучни во денешното дигитално општество.

Во првиот дел од обуката, свои обраќања имаа м-р Бојан Стефаноски, директор на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, и Димитар Велковски, претседател на Ротари клубот Битола Широк Сокак.

Исто така, искажуваме голема благодарност до инспекторите Урим Шабани и Каролина Димеска од МВР Битола за нивните излагања на тема „Заштита на личните податоци – приватност и безбедност“.

Следните денови ќе бидат исполнети со практични активности и предавања, водени од стручни експерти во областа на дигиталната писменост. Нашите предавачи се Андреа Најдовска од Јавен адвертајзинг и м-р Мартин Алексовски. Учесниците ќе имаат можност да стекнат знаења кои ќе им помогнат во секојдневниот и професионалниот живот.

Ова е само почеток на многу успешни денови, полни со учење, вмрежување и нови искуства!

Повеќе Фотографии на следниот линк: NUUB Facebook