Во рамки на програмата за психосоцијалната подршка НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Здружението на дијабетичари на општина Битола започна со нова активност преку дружење со книга под мотото „Смирен-Спасен”.
Во пријатна атмосфера на „дневната соба” на библиотеката, со прекрасни луѓе беше повеќе од задоволство да се дебатира.
За почеток беше избрана книгата „Podrži svoj život“ од проф. д-р Споменка Лазаревиќ Мујовиќ, на која присутните имаа можност да дискутираат за многу интересна тема, а тоа е здравјето. Книгата е богата со многу информација за животот и како треба да ги прифатиме промените и секојдневните притисоци кои свесно или несвесно влијаат врз нашето здравје.
Во животот секојдневно сме и учители но и ученици. Доживотното учење, читање книги ни помага пред се во подобрување на нашата меморија, ни дава душевен мир и не води кој целокупно подобрување на нашето здравје, а тоа е и една од целите на библиотерапијата.
Продолжуваме понатаму со дружењето секоја среда од 11-12h во Дневната соба на библиотеката.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook