Библиотеката ги продолжува активностите поврзани со бесплатното доделување на ваучери во рамките на настанот „Училишна приказна“ и за условите за позајмување и правилно чување на книгите. Тоа претставува клучна метода за развивање на читачки навики и постигнување на успех во училиштето, како и стекнување на знаење и вештини. Притоа може да биде семеен ритуал посебно во студените зимски денови кога се нема идеја што да се прави дома. На овој начин се работи на превенција на тешкотии при читањето. Книгата е во центарот на вниманието на детето и извор на корисно и возбудливо искуство. Се проширува речникот на најмладите и нивното општо знаење, бидејќи тоа што го читаат може да го поврзат со тоа што го гледаат и слушаат околу себе. Кога родителите читаат на глас, стануваат пример за децата и ја пренесуваат љубовта спрема книгата. Децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот што е важно за образованието.
Додека слушаат, децата фантазираат за луѓето, местата и ситуациите кои не ги запознале и доживеале, а истовремено тие се најискрените сведоци за времето во кое живееме.
За да видат и да се уверат колкаво е значењето на читањето и кои се придобивките од него, денес реализиравме работилница со учениците од прво одделение во „Климент Охридски“ – Битола, на која на учениците гласно им читавме приказни од книгата „Денес ти нема да играш“, разговаравме за нејзината содржина и донесовме заклучоци дека со ценењето на своите другарчиња стануваме добар човек и пријател, а пријателството го дуплира задоволството и ја дели тагата. Посебно им обрнавме внимание што побрзо да ги искористат ваучерите заедно со своите родители.
Голема благодарност до наставничките Ана Спирова Кочанковски, Елена Угарчева и до директорката Катерина Наумовска.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook