На ден 7.11.2025 година во просториите на Библиотеката се сретнавме со нашите Амбасадори на читањето и разговаравме за новата иницијатива која ќе ја популаризира љубовта кон книгите меѓу учениците.

Нашите млади амбасадори ќе бидат главни носители на активностите, ќе препорачуваат книги, ќе креираат идеи и ќе ја пренесат пораката за читањето до што поголем број млади херои во Битола.

Заедно градиме заедница која чита, создава и инспирира.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook