Во НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола се реализира шестата и последна работилница од проектот „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“, кој е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија.
На оваа работилници ученици од ДЦУРО „Св.Наум Охридски“ – Скопје со дисперзирана паралелка во Битола заедно со професорката по теоретски графички предмети и практична настава Елена Чукалеска и библиотекарките подготвија постер со прекрасна мисла за читањето „Читањето е како сонување со отворени очи“ , со многу интересна техника на виткање на мали долги ливчиња, со кои потоа се украсуваа буквите.
Теа една од учесничките во проектот ни приреди прекрасно изненадување. Таа ни прочита прекрасна песна, а потоа ни ја развесели работилница пеејќи ни многу песни кои нејзе и се омилени.
Овој проект го завршуваме, но соработката со овие ученици продолжува и понатаму, дел од нив ги испративме како матуранти и им посакуваме се најубаво во животот и за брзо време да се вработат од струката како графичари.
А на останатите им посакуваме убав летен распуст и од септември се гледаме со нови работилници.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook