Денес библиотекарките докторанд Фатма Бајрам Аземовска и м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола ги посетија учениците од трето одделение од ООУ „Даме Груев“ – Битола во одделенијата на наставничките Наташа Настевска, Соња Котевска и Летка Степановска.

Учениците имаа можност да слушнат преубави приказни од книгите„ Шарени приказни“ од Ана Бунтевска и „Бувот со црвени крилја“ од Феридун Орал.

Месец февруари го посветивме на важноста на читањето, со цел да ги поттикнеме децата се повеќе да другаруваат со книгите. Низ разговор со учениците се договориме слободното време да го поминат низ игра и секојдневно читање барем по половина час.

Денешните приказни беа различни и секоја пренесуваше силна порака кај учениците. Најсилните впечатоци децата ги пренесоа на лист хартија цртајќи ни го омилениот дел.

Благодарност до директорката Биљана Дамчевска Бакиевска која ги поддржува нашите активности и секогаш е тука да биде дел од нив.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook