Денеска ги посетивме учениците од трето в од ООУ „Даме Груев“-Битола како дел од кампањата да се мотивираат учениците се повеќе да другаруваат со книгата и да читаат. Учениците има можност да другаруваат со книгите „Девојче и мече“ од Ване Костуранов и „Шарени приказни“ од Ана Бунтевска. Децата на оваа возраст се наоѓаат во еден крстопат да остават едно детство зад себе и полека да запловат во обврските на поголемите деца.

Овие две приказни зборуваат токму за другарството кон играчките и кон нашите училишни другарчиња. Пат кој мора секое дете да го помини. Во оваа забавна работилница учениците можеа да покажат колку убаво знаат да читаат, но и да разговараат за другарството.

Љубовта кон книгите и приказните се раѓа од најмала возраст, ајде сите заедно да им ја вградиме таа љубов.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook