Зошто треба да им читаме на децата на глас
Читањето на глас ги става книгите во центарот на вниманието и ги претставува како извори на пријатно, вредно и возбудливо искуство. Децата, кои ја учат вредноста на книгите од рана возраст, најчесто стануваат креативни и независни читатели.
Читањето на глас им помага на децата да го поврзат она што го гледаат, слушаат и читаат, да го прошират вокалбуларот и да ги прошири нивните општи знаења.
Тоа им овозможува и на родителите, бабите, дедовците, браќата и сестрите, наставниците, роднините и пријателите да бидат пример за децата и брзо да напредуваат во секоја сфера од живеењето. На овој начин, нивната љубов кон книгата лесно се пренесува.
Читањето постојано го снабдува нашиот мозокот со нови информации, а никогаш не се знае кога тие ќе ни затребаат во животот. Што повеќе знаење имаме, толку сме поспремни да одговориме на различните предизвици кои ни ги носи животот.
На учениците им овозможува и да фантазираат за луѓе, места, настани и ликови што не ги сретнале или не ги доживеале, а сето тоа им овозможува правилно да ги изговараат зборовите, да ги употребуваат на соодветно место, да бидат добри говорници кои ќе можат да разговараат на секакви теми, да бидат високо ценети во средината во која делуваат и брзо да напредуваат во секоја свера од животот.
Говорењето и разговорот им се потечни и помагаат врз развојот на личноста
Денес нашата Библиотека, кампањата за гласно читање со цел доближување на книгата до самата индивидуа ја продолжи во ООУ „Стив Наумов’ – Битолам со учениците од петто одделение со многу активности (читање на глас, прераскажување, секојдневна конверзација, употреба на нови, непознати зборови во соодветен контекст на кажаното и пишување на текстови) и секако со покана што почесто да не посетуваат.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook