Читањето на глас за подобрување на самодовербата кај учениците

ООУ „Елпида Караманди“ – Битола активно е вклучена во кампањата „Да читаме на глас“ организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ.

Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини.

Зошто го промовираме читањето на глас:

  • Читајќи, децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот говор и разговорен јазик, што е особено важно за образованието.
  • Додека слушаат, децата ги развиваат својата фантазија и креативност.

Денеска ја обработивме лектирата „Сказна за детето Вилен” со учениците од четврто одделение при ООУ „Елпида Караманди” – Битола.

Читајќи ја оваа лектира учениците гласно читаа, карактерно ги опишуваа ликовите и писмено ја анализираа лектирата.

Повеќе фотографии и видеа на следниот линк: NUUB Facebook