Читањето на глас за подобрување на самодовербата кај учениците
ООУ „Елпида Караманди“ – Битола активно е вклучена во кампањата „Да читаме на глас“ организирана по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ.
Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање и подоцнежниот успех во училиштето и воопшто за успехот во стекнувањето знаења и вештини.
Зошто го промовираме читањето на глас:
- Читајќи, децата се запознаваат со литературниот јазик што се разликува од секојдневниот говор и разговорен јазик, што е особено важно за образованието.
- Додека слушаат, децата ги развиваат својата фантазија и креативност.
Денеска ја обработивме лектирата „Сказна за детето Вилен” со учениците од четврто одделение при ООУ „Елпида Караманди” – Битола.
Читајќи ја оваа лектира учениците гласно читаа, карактерно ги опишуваа ликовите и писмено ја анализираа лектирата.
Повеќе фотографии и видеа на следниот линк: NUUB Facebook