Денес читавме книги на глас во ООУ „Св. Кирил и Методиј” – Битола, со учениците од четврто одделение и разговаравме за важноста и придобивките од гласното читање.
Читањето книги е од особена важност за менталното здравје и развивање на мудри мисли. Зголемено ниво на емпатија, ја подобрува комуникацијата помеѓу родителите и децата, ја зголемува самодовербата, ги намалува анксиозноста и стресот, ја зголемува креативноста. Луѓето кои редовно читаат имаат подобар сон, пониско ниво на стрес, поголема самодоверба и пониско ниво на депресија отколку луѓето кои не читаат.
Се препорачува да им читаме на нашите деца на глас уште од најрана возраст, со тоа се допринесува за природна – рана стимулација на говорот, се збогатува вокабуларот и се поттикнува фантазијата и креативноста.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook