Честит 8 Март!
По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, во холот на Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола е поставена изложба на фотографии посветена на храбрите феминистки кои се бореле и сè уште се борат за правата, достоинството и еднаквоста на жените.
Изложбата ги истакнува имињата на жени кои, како гласноговорнички на своето време, направиле значајни промени и отвориле пат денешните девојки и жени да можат рамноправно да застанат рамо до рамо со мажите. Нивната борба за економска, политичка и социјална рамноправност продолжува и денес, поттикнувајќи генерации на жени да се изборат за своето место во општеството.
Жените низ историјата се соочувале со предизвици, но никогаш не се откажале! Токму затоа, овој ден не е само повод за честитки, туку и потсетник дека патот кон вистинската еднаквост сè уште трае.
Да ги славиме успесите, силата и храброста на жените! Да продолжиме заедно да ја кршиме родовата нееднаквост и да градиме општество во кое секоја девојка и жена ќе има еднакви можности!
Нека ни е честит 8 Март – празникот на сите жени!