Овој пат со разиграни очиња, насмевки на лицето и раширени рачиња не пречекаа првачињата од ООУ „Елпида Карамнади“ – Битола, на кои им поделивме ваучери за едногодишно бесплатно членство во нашата библиотека. Оваа активност има за цел од најраното детство да се развие љубовта кон пишаниот збор и на децата да им се отворат вратите во светот на книгата.

Голема благодарност до директорката Татјана Дамчевска што ни дозволи да бидеме дел од првите училишни денови и да ги израдуваме учениците од прво одделение.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook