Во рамките на манифестацијата „Цртај на македонски јазик“ беше реализиран проект со наслов „Прочитај ме, имам нешто да ти кажам“. Истиот беше реализиран во една од читалните на НУУБ “Св. Климент Охридски“ во Битола.

Естетското уредување на една од читалните, не е класично сликање на ѕидовите со мурали, туку една  целосна композиција од цитати на наши македонски автори и смирувачки ликовни изрази кои соодветствуваат на овај простор.

Овoј проект е дело на уметничката Дијана Колонџоска, а во него зеде учество и нејзината ученичка Александра Василевска, како млад иден артист во културата, а е финансиран од Министерството за култура на Република Северна Македонија.