Под мотото “Црвени, жолти, зелени, сини, во различни бои се чувствата мои”
Центарот за поддршка и помош на деца и лица со попреченост “Сложувалка Срце” во соработка со НУУБ ,,Климент Охридски” ја реализира петтата работилница од проектот ,,Книгата – прозорец кон светот“ поддржан од Министерството за култура на РСМ, преку која се докажа дека како што е забавно патувањето за време на летниот распуст забавно може да биде и читањето .
На работилницата преку читање на раскази од четирите психолошки прирачници за деца:
„Кога Мешко се лути “ ,
„Кога Ушко се плаши “,
„Кога Сончка е среќна“
„Кога Летко е тажен“
од едициијата „Железница на чувствата“ од авторката Христина Стефановска.
Преку неколкуте активности како полнење на шишиња со течност во боја од страна на децата – учесници според емоцијата која ја чувствуваат (црвена за лутина, жолта за среќа, зелена за страв и сина за тага), топење на коцки мраз кои ги претставуваат лошите емоции со прскалки полни со топла вода, ритмичка игра за поделба на среќата со користење на банани чија боја е жолта како онаа на среќата,
децата со типичен и атипичен развој од претшколска и школска возраст кои учествуваа на работилницата научија како да ги препознаваат четирите доминантни емоции кај себе и кај другите, направија увид во причинителите на емоциите, открија конструктивни начини за справување со емоциите и како да ги канализираат на креативен начин, научија нови начини на забава и рекреација и создадоа навика за корисно структурирање на слободното време.
На работилницата децата учесници се разладуваа со сладолед и летно овошје
и нивната насмевка на лицата со која ги испративме беше доказ дека на работилницата доминираше емоцијата на срничката Сончка која во расказите е секогаш среќна и ја означува жолтата емоција – среќа
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook