Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, 22.05.2024.год. кога се одбележува Денот на биодиверзитетот  се одржа Средба на хортикултурни библиотеки од РС Македонија, проект одобрен од Министерството за култура. Во Агендата на настанот беа вклучени предавачи м-р Јелена Петровска – библиотекар советник и Ирена Колевска библиотекар. По пример на своите колеги од регионалната мрежа на Хортикултурни библиотеки библиотекарите од Битола, јавните и училишните библиотеки споделуваат искуства од креирање на иновативни и креативни библиотечни програми поврзани со подигање на свеста за користење и практична апликација на знаења и литература од областа на ботаниката, уредување на животната средина и менување на заедницата спрема пораките на УНЕСКО, Агенда 2030 и целите за одржлив развој. На средбата беа презентирани најновите трендови од библиотечното работење, работа со проекти и можни извори на финансирања, дисеминација на проектите, дигитални решенија на библиотечни содржини, работа и комуникација со корисниците и уште многу други теми кои произлегуваат од секојдневието на библиотекарите.

На Вториот дел од стручната средба беа споделени примери на повеќе  библиотеки од областа на хортикултурата, Скопје, Пехчево ,Охрид, Кочани, Струмица и многу други кои зборуваа за различни содржини и програми како што се работилници со најмладите (расадување на семиња и одгледување на билки), такмичење во најубави орхидеи и дворови, дигитален хербариум и уште многу други содржини.

На присутните освен работни материјали им беа подарени и саксии со цвеќе како симболична порака за ширење на хортикултурна мрежа на библиотеки во државата.

Благодариме на сите учесници кои што дадоа свој активен придонес во реализација на овој проект.

Цветен поздрав од тимот на хортикултурни библиотекари од НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.

22.05.2024.год. Битола

Повеќе фотографии од настанот на следниот линк: NUUB Facebook