СЗО, со поддршка на Министерството за здравство, вчера, 13. Ноември 2023., во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ во Битола, одржа Форум на заедницата на којшто, жените-лидерки ја подигнуваат јавната свест за важноста на менталното здравје кај децата, адолесцентите и младите.

Нашите партнерки, жените-лидерки се поддржани од директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски и од градоначалникот на општината д-р Тони Коњановски.

Во локалните заедници, оваа активност ја спроведуваме во соработка со „Здружение за одржлив развој БИОМ“, како дел од „Заедничката глобална иницијатива на #СЗО и #УНИЦЕФ за ментално здравје и психосоцијална добросостојба и развој на децата и адолесцентите“. Така, помагаме да се унапреди превенцијата, третманот и отворената дискусија за менталното здравје на младите.

Во текот на денешната посетата на ООУ„Св.Климент Охридски“ – Битола, кое што учествува во иницијативата на #СЗО „Училишта што го унапредуваат здравјето“, жените-лидерки имаа личен увид во начинот на кој ги разбираме образованието и добросостојбата на учениците.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook