На 25 април 2013 во салата за промоции на НУУБ „Свети Климент Охридски“ во Битола се одржа филмска вечер организирана од Австриската библиотека, НУУБ „Св. Климент Охридски“ и Австриска Амбасада Скопје.
Филмот „Call me a Jew“ (Наречи ме Евреин) на австрискиот режисер Михаел Пфајфенбергер беше овозможен од Меморијалниот центар на холокаустот на евреите од Македонија, кој го доби овој филм како подарок од Република Австрија за да може да се презентира на заинтересираната публика во Македонија.
Филмот побуди голем интерес кај професорите по историја и по германски јазик од основните и средните училишта во Битола, како и кај студентите на Педагошкиот факултет од студиската група македонски и германски јазик и студиската група германска книжевност и кај учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“.