Денес, НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, беше домаќин на прекрасните второодделенци од ООУ„Елпида Караманди“ – Битола, кои заедно со своите наставнички ја искористија оваа прилика заедно со нас библиотекарите да го одбележат Денот на учителот.
Со најголема почит и благодарност да им оддадеме признание на сите учители, нека секој ден биде нивен ден – нека секој ден се слави важноста на оние кои со знаење, трпение и посветеност ја обликуваат иднината на нашето општество. Учителот не е само пренесувач на знаење, туку водич, поддршка и инспирација.
Нивната мисија е благородна – да ја разбудат љубопитноста, да ја поттикнат креативноста и да го охрабрат секој ученик да верува во своите способности.
Со својата несебичност и љубов кон професијата, тие остават трајна трага во срцата и умовите на генерации ученици.
Голема благодарност до наставничките Дијана Станковска, Елена Трајковска, Анета Крстевска кои за топлиот прием со учениците не израдуваа со прекрасни честитки кои тие самите ги изработија.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook