Месецот на книгата го завршивме со реализација на уште една прекрасна работилница овој пат со првачињата од ООУ „Коле Канински“, во одделението на наставничката Марина Станковска.
Преку сликовницата „Кучето што мјаукаше и мачето што џавкаше“ од Билјана С. Црвенковска, децата на интересен и забавен начин учеа за вредностите, прифаќањето на различностите, меѓусебното разбирање, почитта и пријателството.
Низ приказната, разговорот и детската љубопитност, уште еднаш се потсетивме дека секој од нас е посебен и дека токму различностите го прават светот поубав.
Бидејќи преку книгите не учиме само да читаме туку учиме и да разбираме, да чувствуваме, да почитуваме и да бидеме подобри луѓе.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook