На 5. Меѓународна конференција на библиотекари „Услуги за корисници со посебни потреби и лица со попреченост“ која се одржа во Велес од 14 до 16 мај, учество зедоа и библиотекарите од НУУБ „ Св. Климент Охридски“ – Битола. Со свој труд на конференцијата се претствавија библиотекар советник докторанд Фатма Бајрам Аземовска и виш библиотекар м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски на тема „ Дигитална инклузија преку приказни: Аудио и видеоматеријали за деца со оштетен слух и вид во рамките на дигиталната платформа на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
Истото така учество зедоа и програмскиот раководител м-р Јелена Петровска и виш библиотекар м-р Милка Котевска кои ја следеа конференцијата.
На оваа конференција м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски беше модератор на втората пленарна сесија „Примери на добра практика: инклузивни услуги во билбиотеките“ на која излагања имаа домашни и интернционалните гости на Конференцијата.
Работен јазик на конференцијата беше македонски и англиски јазик, бидејќи со свои трудови се претставија библиотекари од Индија, Албанија, Косово, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Оваа можност библиотекарите од НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола ја искористија да слушнат голем број на излагања од домашни и странски излагачи и да разменат искуства во неформалниот дел.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook