НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола активно учествуваше на дводневната обука „Инклузија – предизвик или мотиватор во библиотечната дејност“, која се одржа на 2 и 3 април во хотел „Оаза“ – Штип, во организација на НУ-УБ „Гоце Делчев“ – Штип. Обуката обедини директори, библиотекари и едукатори од повеќе градови, со заедничка цел – унапредување на знаењата и вештините за работа со лица со попреченост.
Посебна вредност дадоа предавањата на проф. д-р Томислав Таневски, кој ја доближи улогата на музикотерапијата, и проф. д-р Ана Чучкова, која преку своето искуство и посветеност ни помогна подлабоко да ја разбереме инклузијата. Вториот ден преку активни работилници заеднички се дискутираше, се разменуваа идеи и искуства, а и се предлагаа нови активности за инклузија.
Честитки до директорката и нејзиниот тим за одличната организација!
Заедно градиме поинклузивна и похумана библиотечна заедница!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook