Денес запишуваме едно минато, една сегашност и една непроценлива иднина. Денес библиотеката во своите прегратки ги опфати 24 Факсимили на роднокрајни писатели-членови на ДПМ.

Како дел од проектот „20 роднокрајна средба на битолските писатели од Македонија“ денес трајно е зачувана и поставена збирката на факсимили во делот пред роднокрајниот оддел на библиотеката. Оваа збирка е единствена и уникатна во целата наша држава. Таа претставува еден завет за сите идни генерации на библиотекари кои треба да ја чуваат, но и да ја прошират.

Голема благодарност до професорката и писателка Весна Мундишевска Велјановска за изработката, но и тоа што ни дозволи Ние да бидеме дом на овие факсимили.

Започнавме со изложба, ги овековечивме во книга, а сега секој факсимил сам за себе ќе пишува една иднина за сите генерации кои ќе поминат и ќе го погледнат и прочитаат.

Благодарност до Министерството за култура и туризам, кои ја препознаа важноста на овој проект и го финансираа истиот.

И благодарност до „Арт Макаријовски“, кој ги изработи рамките.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook