Летните горештини ги поминуваме дружејќи се со книгите и волшебните приказни кои се кријат во нив. Овој пат на гости им бевме на децата од Едукативниот центар „Малиот принц“. Тие не пречекаа со нивната топла насмевка и желба да научат нешто ново.

Денот го поминавме со италијанската приказна за „Магдоновче“, извадок од книгата за деца „Најубавите приказни за принцези од целиот свет“.

Откако ја слушнаа магичната приказна за Магдоновче, принцезата со зелена коса, децата имаа задача да ја нацртаат. А потоа ние имавме можност да ги слушнеме други приказни за принцези кои ни ги прочитаа децата, бидејќи тие сакаа да ни покажат дека научиле да читаат и дека многу сакаат да читаат.

Па така за крај и ние уживавме во читањето.

Порака од овие дечиња за сите други деца:

„Читајте приказни!!! Другарувајте со книгата во овие летни горештини“

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Објавено од: Слободан Пачовски

13 Jul, 2023