Денес, 22.10.2024 година, по повод Месецот на книгата, ООУ„Д-р Трифун Пановски” во соработка со НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, организирана поетско читање. Гостинка беше проф. д-р. Бети Бандиловска од Педагошкиот факултет во Скопје. Таа се претстави со неколку нејзини поетски творби и поведе разговор со присутните „како да се роди проста и строга македонска песна”, поттикнувајќи ги учениците да творат и да го чуваат македонскиот јазик.
Учениците од седмо, осмо и деветто одделение се претставија со свои творби, стендап и музичка изведба.
Како што кажаа и самите наставници, а и ние се сложуваме дека „Трифунци“ навистина покажаа голема љубов кон пишаниот збор.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook