НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола денес беше во посета на дечињата од ЈОУДГ„ Мајски цвет“-Битола. Насмеани лица не пречекаа со кои уживавме во прекрасната приказна и многу разговаравме за тоа дека сите се различни, дека имаат различна боја на коса со своето другарче, дека носат различни алишта и дека тоа ги прави нив посебни. Разговаравме и за тоа колку им фалат другарчињата кога не се заедно во градинка. Дека многу сакаат да си играат, но сакаат и кога нивните родители им читаат по некоја сликовница.

По завршување на работилницата тие не испратија со силни прегратки и ветувања дека ќе дојдат во нашата библиотека.

Продолжуваме со нови другарувања…

Повеќе фотографии на следниот линк; NUUB Facebook