Дел од учениците од ООУ„ Ѓорѓи Сугарев“ – Битола со одделенскиот наставник и Наташа Тодоровска продолжија да се дел од тест фазата од проектот “Sasas Jekhvar Jekh-Once upon a time … and now”.

Учениците работеа во групи и за првпат се запознаа со содржината на приказните. Во согласност со наставната програма беа опфатени содржини и стандарди поврзани со читање и интерпретација на прозни текстови и идентификување елементи на прозен текст (раскажувач, ликови, содржина, тема, време, место и идеја). Учениците ја објаснуваа причинско-последичната поврзаност меѓу настаните во приказните, ги опишуваа особините и постапките на ликовите. Од секоја приказна извлекуваа идеја и изразуваа свој став по однос на идејата. Откако групите презентираа се извлекоа заеднички заклучоци поврзани со сличностите и разликите во народно творештво на различни етнички заедници. Секоја група се искажа што им се допадна, а што би сакале да биде поинаку во содржината. Но пораката од сите приказни беше иста: Доброто со добро се враќа.

Еразмус + проектот “Sasas Jekhvar Jekh-Once upon a time … and now”. Во моментот се спроведува тест фаза – односно се врши тестирање пред печатење и објавување на Европската книга на бајка. Сите 32 приказни ќе бидат тестирани од страна на ученици роми и не-роми, на возраст од 7 – 11 години и возрасни роми и не-роми. Исто така ќе се изврши и рангирање на бајките.

Проектот е кофинансиран од Европската комисија преку Еразмус + програмата и координиран од германската организација „Југендстил“. Партнери се организации од Германија, Бугарија, Грција, Унгарија, Романија, Србија и Турција.

https://www.facebook.com/profile.php?id=100064742136317

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook