Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола исто така со тематска изложба насловена „Рацете во портокалово срце“ со книги и цртежи е дел од кампањата „16 дена активизам за спречување на насилството врз жените и девојчињата“ која започнува од 25.11.2023 година и трае до 10.12.2023година.

Сите ние се вклучуваме во активностите на државно и глобално ниво во насока на запознавање на пошироката јавност против семејното насилство. Сите ние сме против насилството врз жените и девојчињата.

Во холот на Библиотеката е поставена тематска изложба на книги и цртежи со содржини за семејно и родово насилство.

Изминатиот период е распишан ликовен и литературен конкурс, навистина сме среќни и горди што пристигнаа голем број квалитетни и креативни литературни и ликовни творби.

И на крај секоја активност ја правиме за нашата иднина и за нашата сегашност затоа што жените се столб на правично, отворено, развиено и демократско општество и ништо не смее да ги лиши од слободата да ја остваруваат својата улога слободно и безбедно.

Повеќе фотографии од изложбата на следниот линк: NUUB Facebook