Еден од најважните проекти на Библиотеката  кој е поврзан со промоција на важноста за зачувување на културното наследство и читање на Ромската популација е ЕРАЗМУС + проектот Jekhvar Jekh. Once upon a time.

Во рамите на дисеминација на проектот м-р Фатма Бајрам Аземовска и м-р Јелена Петровска, кои се задолжени за реализација на проектот остварија средба со повеќе издавачки куќи и печатници за можноста за печатење и дистрибуција на Европската книга на  ромски бајки  со вкупно 40 ромски бајки од 8 земји партнери.

На остварените состаноци се отворија прашања за технички можности и предлози како во однос на печатењето, бројот на примероци, начинот на географска покриеност во државата и надвор и за услови потребни за реализација на Проектот.

За сите дополнителни информации и реализација на предвидените активности во рамките на Проектот ќе бидат консултирани партнери на проектот и координаторот JugendStill од Германија.

19.04.2022., Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook