Вчера (5.3.2026 година) имавме чест да бидеме домаќини на студентите од БАС кои ја посетија НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола.
За време на посетата, студентите имаа можност одблиску да се запознаат со нашата секојдневна работа, тековните програми и активностите што ги реализира библиотеката, како и со современите услуги кои им се достапни на корисниците.
Особено внимание беше посветено на можностите за практична работа и професионално усовршување, кои студентите би можеле да ги реализираат во рамките на нашата установа. Веруваме дека ваквите средби се важен чекор кон градење соработка меѓу образовните институции и културните установи.
Им благодариме на студентите за интересот, љубопитноста и пријатната атмосфера, и со нетрпение очекуваме нови средби и заеднички активности во иднина.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook