На ден 03.06.2022, директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола м-р Бојан Стефановски оствари средба со универзитетскиот професор Марјан Ѓуровски од Филозовскиот факултет од Скопје. На оваа средба почитуваниот професор подари негова стручна литература од областа на безбедноста и меѓународните односи.

На средбата се разговараше за потребите од стручна литература во универзитетските библиотеки со цел нивна поголема достапност до идните истражувачи.