На 6 јуни во Струмица се одржа литературна манифестација “Средби под јаворите – Видое Подгорец” – 2023, на која беше доделена наградата за најдобар библиотекар „ ” ПАВЛИНА ЦУНЕВА МАКАЗЛИЕВА” за 2023 година и беше реализирано еднодневно советување за библиотекари на тема „ Библиотеката – темел на писменоста“ со работна тема :„ Споделување на добри практики во библиотечната дејност“ на која како предавач учество зеде и библиотекарката од нашата библиотека м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски.

Таа пред присутните библиотекари ги прикажа добрите практики кои ги спроведува НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола при работа со лица со попреченост. Тема на нејзиното излагање беше „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето на деца со попреченост“, која побуди интерес помеѓу присутните гости.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

Објавено од: Слободан Пачовски
9 Jun, 2023