Директорот на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, м-р Бојан Стефановски оствари средба со младата поетеса Марија Бакиевска која денес ќе ја промовира својата прва книга поезија „Пушти ги нека зборуваат“.

Нашата библиотека има долга традиција на поддршка на младите роднокрајни писатели кои безрезервно го негуваат пишаниот збор оставајќи свој личен белег на страниците од нивните книги.

Младата поетеса Марија Бакиевска ја искористи оваа посета да подари дел од своите книги во нашата библиотека, со што нејзината книга за брзо ќе биде достапна за сите наши читатели.

Директорот м-р Бојан Стефановски на оваа средба накратко ја запозна со сите активности во кое може да се вклучи и да придонесе со својот пишан збор.

Нас ни останува само да ги поканиме сите наши млади писатели да бидат дел од нашата Национална установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола и од активностите што се одвиваат во неа.

А на младата поетеса да и посакаме голем успех и за брзо да не израдува со нова книга.

Facebook post