Денес директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска- Давкова оствари средба со синот на великанот академик Горан Стефановски, Игор Стефановски. Господинот Игор Стефановски имаше можност да ја разгледа читалната која е посветена на неговиот татко, но на негово големо изненадување ликот и делото на неговиот татко го најде уште на многу места низ библиотеката и во многу книжевни дела кои се посветени на ликот и делото на Горан Стефановски.
Во оваа прилика Стефановски и директорката на нашата библиотека договорија неколку настани кои се планираат да бидат реализирани до крајот на годината.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook