Сподели ја својата библиотечна приказна и освој награда!
По повод 80 години од постоењето на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола, Ве покануваме да ни испратите фотографија од Вашето омилено место во библиотеката, заедно со кратка приказна што ја поврзувате со тоа место!
Вашите спомени ќе бидат дел од специјална изложба и фото-колаж, со кои ќе го одбележиме значењето на библиотеката како простор за инспирација, учење и заедништво.
Најкреативните приказни ќе бидат наградени!
Како да учествувате?
- Направете фотографија од Вашето омилено место во библиотеката.
- Напишете неколку реченици за тоа зошто тоа место Ви е посебно.
- Испратете ни ги Вашите материјали преку порака или како коментар на објавата на нашата Facebook страница.
Почнуваме од денес (04.03.2025) – Рок за испраќање: 16.03.2025
Оваа активност е дел од проектот „Библиотеката во фокус: филмови, приказни и искуства од заедницата“, кој е поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.
Споделете ја Вашата љубов кон книгите и библиотеката со нас и освоите вредни награди.