Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, се реализира последната работилница од проектот – „Креативни забавни работилници за поттикнување на читањето кај лица со попреченост – добри практики“, кој е поддржан од Министерството за култура и туризам на Р. Северна Македонија.

Лицата кои го посетуваат центарот ЦПЛИП „Порака“ – Битола, имаа можност да се запознаат и да научам повеќе за дел од работните места кои ги извршуваат библиотекарите во нашата библиотека. Низ практични вежби и забава, направивме чекор поблиску до светот на книгите, се со цел да ги мотивираме да читаат повеќе.

Бројки, букви и лавиринтите низ магацините беа навистина примамливи за некое прашање плус, љубопитност која носи напредок.

До следното дружење!

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook