Со голема радост на 15 мај 2025 година, го одбележавме Меѓународниот ден на семејството заедно со учениците, родителите и наставничките Снежана Чукалева и Данијела Босилковска од ОУ „Даме Груев“ – Битола.

Настанот беше дел од проектот „И јас сум дел од волшебниот свет“, поддржан од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија.

Во своето обраќање, директорката м-р Емилија Стефановска Давкова истакна:

„Секоја здрава заедница започнува со силно, грижливо и поврзано семејство – токму затоа денес славиме заедно!“

Програмата беше исполнета со креативни и едукативни активности:

Семејна читателска дружба

Писма со љубов до семејството

Семејна игра „Кој е кој?“

Забавниот дел со многу смеа и игри беше дело на Заги кловнот, кој внесе дополнителна магија во денот.

Семејството е нашето прво училиште, нашата сила и нашето засолниште. Да го славиме секој ден!

И благодариме на директорката Биљана Дамчевска Бакиевска од ОУ „Даме Груев“ – Битола за поддршката.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook