Денеска (9.9.2025 година) во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа предавањето на тема:
„Семејното насилство – молкот не е решение“.
Наши гости беа:
Наташа Бекирова – психолог, претставник од Женски центар за поддршка
Претставници од СВР Битола – Оддел за превенција
Организација на жени на општина Битола
Со нивната експертиза и искрена посветеност, присутните имаа можност да слушнат важни информации, совети и искуства поврзани со превенција и справување со семејното насилство.
Благодарност до сите учесници и гости за споделеното знаење и поддршка. Заедно можеме да градиме побезбедна и посолидарна заедница.
НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook