По повод Светскиот ден на литературата за деца, реализиравме едукативна и креативна активност со учениците од 4-в одделение во ООУ „Даме Груев“ – Битола.
Инспирирани од приказната „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен, часот го започнавме со забавна игра „Погоди кој сум“, преку која учениците се воведоа во темата. Потоа следеше разговор за чувствата на главниот лик и важноста на прифаќањето и разбирањето на различностите.
Во креативниот дел, учениците пишуваа убави пораки едни за други – активност која донесе многу насмевки и позитивна атмосфера во училницата. Часот го завршивме со интерактивната игра „Стој ако…“, каде учениците размислуваа и се изразуваа преку движење, потврдувајќи ја пораката дека секој е вреден и посебен. ![]()
Голема благодарност до наставничката Катерина Размовска Пачовски за соработката и топлиот прием, како и до директорката Биљана Дамчевска Бакиевска за поддршката.
Продолжуваме да ја негуваме љубовта кон книгата, емпатијата и добрината кај најмладите!
ОУ “Даме Груев” – БитолаБиљана Дамчевска-Бакиевска
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook