По повод патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес библиотеката беше исполнета со детска радост, боја и насмевки.
Учениците од ООУ „Гоце Делчев“ – Битола, преку едноставна креативна активност, се запознаа со ликот и делото на Св. Климент Охридски – учител, просветител и љубител на знаењето.
Со своите цртежи и букви, децата испратија силна порака дека љубовта кон книгата започнува од најрана возраст. Благодарност до учениците и наставниците за прекрасната енергија и заедничкиот празничен дух. Им благодариме на наставничките Ана Каранфиловска, Марина Шалваровска и Афрдита Амедовска.
Библиотеката секогаш останува отворен дом за најмладите читатели.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook