Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола продолжува со иницијативата за поделба на бесплатни ваучери во основното училиште „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола, со цел поттикнување на учениците кон читање и развивање на љубовта кон книгите. Оваа акција има за цел да ја зголеми читателската култура кај младите и да ги мотивира да ја посетаат библиотеката и да користат различни литературни содржини.
Бесплатните ваучери ќе им овозможат на учениците пристап до книгите од библиотечниот фонд и ќе им помогнат да стекнат навика за редовно читање.
Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook