НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, заедно со Здружението на дијабетичари – Битола организира работилница која ја водеа психолозите Билјана Толевска Наумовска и Орхидеја Робевска од Здружението „Сега и овде”.

На присутните гости психолозите им покажаа неколку вежби кои беа наменети да се долови темата „Свртување кон себе и концентрирање во сегашниот момент.”

Во првиот дел од присутните беше побарано да одговорат неколку прашања, односно да се стави акцент на нивното размислување на одредени прашања поврзани со нив самите и нивните размислувања, а потоа истите ги споделија со останатите, развивајќи се една пријатна дискусија.

Во вториот дел гостите имаа можност да цртаат на зададена тема, искажувајќи ги своите чувства преку боите и формите, за потоа да можат да ги образложат пред групата.

Овие вежби се навистина користи, бидејќи акцентот го ставаат на самите нас и не учат како да се сконцентрираме да сме продуктивни во сегашниот момент.

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook